ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала до умерена, а на места повремено зголемена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

Во петок во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.