Уште една млада девојка жртва на физичко насилие во Велес. Овој пат се работи за 25 годишна девојка од валандовското село Пирава, вчера била физички нападната од 32-годишен велешанец во близина на центарот на Велес. Случајот веднаш бил пријавен во СВР Велес, а напаѓачот е приведен и против него ќе биде постапено соодветно.

На 28.09.2020 околу 19.30 часот во СВР Велес, Д.П.(25) од с.Пирава, валандовско, пријавила дека на ул.„Илинденска“ во Велес била физички нападната од Д.В.(32) од Велес. Напаѓачот е приведен во Полициската станица Велес и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – информираат од СВР Велес.