Денес на прес конференција градоначалникот соопшти дека вчера починал уште еден велешанец.

Од министерството за здравство соопштија дека на пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

-Од тоа што беше пренесено на штабот, се работи за возрасно лице, кое имало и други болести, веројатно дошло до компликација. Беше изнесено мислење дека на семејството треба да му помогнеме со информации околу безбедноста, бидејќи се работи за социјално ранливо семејство и заедно со Црвениот крст се договаравме како да им помогнеме во врска со погребот и со дистрибуција на храна и лекови на останатите двајца членови на семејството. Се работи за повозрасен маж, изјави Коцевски.

Вкупно 95 регистрирани заболени од Корона вирусот во Велес од кои двајца се од општина Чашка.

До сега во Велес од коронавирусот починаа 4 велешани.