На 30.07.2020 год. околу 08.00 часот на автопатот Гевгелија – Неготино, кај наплатна станица „Демир Капија“, при контрола на возилата „БМВ“, со велешки регистарски броеви, управувано од О.Д.(46) и „фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски броеви, управувано од С.М.(37), двајцата од с.Бузалково, велешко, се пронајдени 11 мигранти од Бангладеш.

Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија, за понатамошна постапка.

За настанот е известен Јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.