Група наоружани и маскирани напаѓачи синоќа украла банкомат на една белградска банка тежок повеќе од еден тон кој бил поставен во Домот на културата во Грачаница, Косово.

Според неофицијалните инфомрации, групата разбојници дошла до Домот на културата со комбе. Прво со солзавец по лице го испрскале чуварот на Домот, па од ѕидот го извадиле банкоматот и го натовариле во комбе.

Се дале во бегство кон Приштина, но во населбата Ајвалија им се дупнала гума на комбето, возачот ја загубил контролата и удрил во ѕид. По несреќата се дале во бегство, а комбето со пленот останале на сред пат.

Чуварот на Домот рекол дека разбојниците говореле албански.