Времето денеска беше сончево со умерена облачност. Дуваше умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер. Попладнево беше нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Утре и во сабота ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец.
Од недела повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.