Во текот на вчерашниот ден на ул.„Маршал Тито“ во с.Ерџелија, светиниколско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од Кочани, изгубило контрола и удрило во бетонски столб.

По незгодата С.С. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.