На 19.05.2020 околу 17.00 часот на наплатна станица „Отовица“, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Б.(26), Р.Ј.(24) и Б.В.(23), сите од Скопје, затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Б., а се превезувале и Р.Ј. и Б.В., бил пронајден и одземен пиштол „„Берета“, кој А.Б. го поседувал без дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.