Сораја (Сара) Вучелиќ – Масони е уапсена на Жабљак поради сомнение дека сторила кривично дело, непочитувајќи ги здравствените прописи за сузбивање на опасна зарасна болест.

Поточно, полицијата извршила контрола во викендица во населбата Борје, каде освен Сораја на местото на настанот се наоѓала и уште една девојка.

И двете не поседувале потврда за изземање од забрана за меѓуградски сообраќај. Освен што ја прекршилe оваа мерка тие ја прекршиле и забраната за собирање на лица во објекти кои не се членови на семејна заедница, пренесува медиумот „Вјести“.

Старлетата и нејзината придружничка се лишени од слобода со кривична пријава спроведена до државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Пљевље.

Медиумите од регионот се повеќе изненадени од нејзиното презиме отколку од фактот што е уапсена.

Тие пишуваат дека штом го додала презимето Масони, сигурно се венчала со својот избраник.