На 19.09.2020 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(55) од Велес, поради сомнение дека извршил обљуба врз 64-годишна жителка на Велес, која околу 11.00 часот го пријавила случајот во Полициска станица Велес, соопштуваат од полицијата.

М.С. е задржан за понатамошна постапка, а за настанот е запознаен Јавен обвинител.

Увид извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчитување на случајот.