На 16.10.2020 во 09.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Г.(29) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од министерството за внатрешни работи.