Сите ги мразиме темните кругови под очите. Понекогаш мислиме дека нема решение против нив, но лекот се наоѓа околу нас.

Краставица – оваа метода ни е позната од некои филмови и повеќето од нас не веруваат во неа. Меѓутоа, парчињата од свежа краставица на вашите очи можат да ги намалат темните кругови.

Спиење – доволно часови на сон можат да помогнат вашето лице да изгледа посвежо, со самото тоа и темните кругови околу нив.

Коректор – ова е најверојатно најбрзиот и најефикасниот начин на покривање на темните кругови. Свесни сме дека коректорот само моментално ќе ги покрие темните кругови, но супер е што на брз и ефикасен начин ќе изгледаме свежи.