15 C
Veles
сабота, 31 октомври, 2020 | 22:37

Трамп потпиша указ со кој што се ограничува заштитата на социјалните мрежи

21

Претседател на САД, Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата на социјалните мрежи и слободата што ја имаат при модерирање на својата содржина.

„Ние сме тука да ја браниме слободата на говорот од една од најтешките опасности“, истакна Трамп.Тој го обвини „Твитер“ дека носи „уреднички одлуки“ и дека се занимава со „политички активизам“ во изборот на пораки за кои одлучува дека треба да се проверат.

„Тие имаат неконтролирана моќ да ги цензурираат, уредуваат, кријат и менуваат сите форми на комуникација помеѓу поединците и пошироката јавност“, оцени тој, споменувајќи ги големите компании во Силиконската долина .Оваа регулатива бара нови регулативи со цел социјалните мрежи кои вршат „цензура“ да не можат да ја зачуваат својата правна заштита. Досега Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Гугл беа заштитени од судско гонење поради содржини објавени од трети лица и имаа слобода по сопствена процена да интервенираат на платформите. Американскиот претседател се закани дека ќе донесе регулативи во врска со социјалните мрежи откако неговата омилена платформа „Твитер“ објави оваа недела за прв пат предупредување заедно со неговиот „твит“ дека треба да се проверат фактите од неговата изјава, за кои многумина сметаат дека не биле вистинити.