ФОТО/илустрација

На 29.05.2020 околу 20.00 часот на ул.„Васил Иљоски“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(46) од Велес и мотоцикл „квики“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.П.(27) од Велес.

По незгодата, возачот на мотоциклот бил пренесен во ЈЗУ-Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид извршила екипа од СВР Велес.