5 месеци освен што внимавале да не се заразат, нивна нова опасност е мобингот и деградирањето од новата директорка Анастасија Иванова, за четворица вработени од велешкиот Центар за јавно здравје во Велес.

Од прераспределба од оддел на друг оддел до кратење на плати е нивно секојдневие, од доктори, до возачи и други медицински работници.

Емисијата КОД побара одговор од директорката, но таа не одговорила на нивните прашања, а од Министерството за здравство им одговориле дека се известени за случувањата во Центарот за јавно здравје во Велес.

За емисијата КОД зборуваа четворица велешани, кои го раскажаа своето искуство, за мобингот од страна на директорката Иванова.

Четворицата вработени се со различни професии вработени во Центарот за јавно здравје кои имаат заеднички проблеми, кратење на плати и дисциплинки мерки. Нивната голгота започнува кога директорката Анастасија, која била вработена како началник на лабараториска дејност, станала директорка.

Цветанка Драскачева е разрешена од позицијата раководител на финансиско економската служба, а потоа добива и дисциплинка постапка.

„Решението од дисциплинката постапка најпрво ми е одржувач на комунален отпад, каде што се уништува се што е испитувано. Значи прво и прво јас не сум такво лице за да го работам тоа. Втора работа, таквото лице спаѓа во техничкиот персонал заедно со здравствените работници, а јас сум административен работник и доколку ме казниле, би било месот подоле во рамките на административните работници, а не технички персонал. Мене не ми е срам да бидам и технички персонал, но меѓутоа зошто е таа постапка, вели Драскачева

Слично искуство имало и главното медицинско лице во Центарот кое повеќе од 20 години е вработено во ЦЈЗ Велес. Нејзе и било одземен службениот лап топ и мобилен телефон и не добивала никви работни задачи. Таа од пред еден месец е префрлена од микробиолошката лабараторија во епидемиолошката служба, со образложение дека поради епидемијата, има повеќе работа во одделот каде што е преместена.

Мобинг ми прави заради тоа што имаше затечено неточни резултати и јас тие не точни резултати ги пријавив, а од друга страна испадна некоја снимка, некој анонимно ја снимил. Беше голема расправијата и она со тие вреѓања и навреди, гуско една ти мене не ме почитуваш. Она дава демант дека јас сум штетна за пациентите и сум била штетна за Центарот за јавно здравје, вели Сузана Накова.

Вработените од ЦЈЗ Велес велат дека тие доживуваат терор од нивната претпоставена.

Целиот прилог и сведочењето на другите вработени погледнете ги на следниов линк од 01:55 мунута