Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, информира дека ноќва, нешто по полноќ во село Горно Оризари настанала физичка пресметка.

Во СВР Велес било пријавено дека во дворот пред куќа на ул. „Првомајска“ во с. Горно Оризари, велешко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.К.(36) и Ф.К.(42), од една страна и Б.К.(30), од друга страна.

По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.