Не запираат физичките пресметки во Велес и велешко. Вчера жител од село Пеширево светиниколско пријавил во полиција дека бил нападнат од жител од Горно Оризари пред канцеларија на нотар во центарот на градот.

Случајот е регистриран во билтенот на СВР Велес.

На 08.06.2020 во 15.30 часот во Полициската станица Велес Д.Б.(25) од с.Пеширево, светиниколско, пријавил дека околу 12.00 часот во ходникот на нотарска канцеларија на ул.„Алексо  Демниевски“ во Велес, бил физички нападнат од К.М.(33) од с.Горно Оризари.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.