Во текот на вчерашниот ден, односно утрото во 09.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на терасата од ресторан на винарија во Велес, по претходна вербална расправија, Н.Д.(36) од Охрид физички ја нападнал А.Ј.(37) од Скопје.

По кратко време било пријавено дека по претходна вербална расправија, М.Т.(46) од Скопје физички го нападнал Н.Д. По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.