Компанијата Фејсбук ја објави својата нова алатка Messenger Rooms, со која се овозможува групни аудио и видео повици со најмногу 50 луѓе. Исто така, од компанијата го удвојуваат капацитетот на луѓе во видео повици на WhatsApp од четири лица на осум лица.

Алатката Messenger rooms нема ограничување на разговорите, при тоа овозможува дури и оние кои немаат кориснички профил на Фејсбук да учествуваат во поканите за групниот разговор. Оној што ќе го креира повикот има целосна контрола на разговорот, односно може да покани или исклучи било кого од конверзацијата.

Негативна карактеристика кај оваа алатка е што за разлика од видео повиците на WhatsApp кои се шифрирани од крај до крај, што воедно им нуди дополнителна заштита на корисниците, кај Messenger rooms повиците не се шифрирани до крај. Од Фејсбук велат дека е тешко да се примени целосна енкрипција на 50 корисници, но информираат дека нема да ги гледаат или слушаат повиците.

-Messenger Rooms ќе бидат достапни во Messenger апликацијата во скоро сите земји каде е достапен Фејсбук, велат од компанијата.