Од СВР Велес информираат дека се поднесени вкупно 8 кривични пријави против И.З.(23), Р.Б.(18), М.В.(19), Д.М.(32), Е.М.(24), Џ.А.(55), сите шестмина од Велес и Л.Х.(42), С.Ѓ.(38), двајцата од с.Војшанци, Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, во периодот од 31.03.2020 до 03.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.