Секторот за внатрешни работи Велес поднесе 11 кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 20.03.2020 до 28.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Поднесените пријави се против лицата С.М.(25), М.Н.(19), А.Ш.(20), Д.З.(32), четворицата од Велес, 17-годишник од с.Криволак, неготинско, двајца 16-годишници од Градско, Н.И.(34) од Росоман, Ј.И.(49) од с.Возарци, кавадаречко, В.Н.(27) и Н.П.(31), двајцата од Кавадарци.