Општина Свети Николе обезбеди дезинфекциски средства за домаќинствата. Како што информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, утврдени се пунктови каде граѓаните од утре ќе можат и да ги подигнат.

–Формирани се три екипи кои од утре со возила ќе поминуваат на претходно утврдени пунктови низ градот и ќе носат раствор за дезинфекција, а сите заинтересирани граѓани можат да наполнат максимум пет литри од растворот во сопствени садови, препорачливо е тоа да бидат пумпи за прскање, истакна Велковски.

Тој испрати апел граѓаните да бидат максимално внимателни со употребата на растворот и да го употребуваат исклучиво за дезинфекција на дворни површини, а да не го употребуваат врз зелени површини и насади.

Велковски посочи дека екипите за почеток ќе поминуваат на предвидените пунктови еднаш неделно, но доколу се јави потреба и има интерес од страна на граѓаните екипите ќе поминуваат на пункотвите два пати во неделата, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани