На 04.06.2020 во 04.00 часот на автопатот Велес-Скопје, после пунктот „Македонија пат“ после Велес, полициски службеници пронашле 25 илегални мигранти и три патнички возила – „ауди“, „фоклсваген“ и „мерцедес“(било превртено), сите со скопски регистарски ознаки.

Претходно, возилата биле забележени кај Демир Капија и не застанале на дадем знак за запирање продолжиле со движење кон Скопје.

Во разговор со полициските службеници мигрантите појасниле дека биле симнати од трите возила. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.