Задоволен сум како се одвиваат работите во Велес. Конечната одлука на Државниот здравствен инспекторат е дека „спорниот“ маркет може да работи. Односно нема опасност од Ковид-19, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Тој истакна дека мерките ќе ги дадат очекуваните резултати.

-Кога се во прашање училиштата и градинките, сметам дека што побрзо треба да се враќа животот во нормала. Мерките што сега се спроведуваат ќе ги дадат посакуваните резултати, вели Коцевски.

Министерот за здравство Венко Филипче на една своја прес-конференција кажа дека 15 вработени од тој маркет се во самоизолација, извршена е дизенфикција на објектот, а сопственикот треба да ја огранизира работата за да може да ја врши дејноста непречено.