Вчера попладне на локалитетот Бабуна се случила сообраќајна несреќа. 26- годишен велешанец со својот автомобил фиат пунто удрил во 7 годишно девојче.

На 17.05.2020 околу 16.10 часот во населба Бабуна во Велес, патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано В.З.(26) од Велес удрилo во седумгодишнo девојче од Велес. По незгодата, девојчето било пренесено во Општата болница во Велес каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес, стои во билтенот на СВР Велес.