Времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 23 степени, а дневната од 29 до 39 степени.

Во Велес и околината времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температура до 18 степени, а дневна до 38 степени.