На 28.04.2020 во 16.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип В.С.(47) од с.Лозово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.