На 26.04.2020 во 17.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, А.Н.(47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо Х10 350“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во оградата од автопатот и паднал.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.