На 16.05.2020 во 23.04 часот во СВР Скопје, Р.О.(31) од Скопје пријавил дека околу 18.50 часот на ул.„Џон Кенеди“, додека бил на улица до неговиот двор со тројца роднини, дошол неговиот сосед Д.Х. и започнале вербална расправија.

Според пријавеното, потоа Д.Х. заминал во својот дом и се вратил со пиштол, со кој му се заканувал на Р.О., но бил спречен од неговиот син.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.