Данил Шишкарев се уште е во Скопје. Рускиот репрезентативец кон крајот на јуни ќе се спакува и ќе се пресли во Унгарија каде ќе игра за тимот на Веспрем.

Во интервју за „handballfast.com“ тој зборува за деновите минати во дресот на Вардар, открива детали за секогашната ситуација…

„Не сум целосно посветен на случувањата во Вардар, она што е сигурно е дека си одам, не присуствувам на нивните состаноци околку иднината. Не сакам да прераскажувам, слободно прашајте ги Тимур Дибиров, Срегеј Горбок и Глеб Калараш тие сакаат да останат во Вардар, одат на овие состаноци.

Што се однесува до исплатата, имаме нотарски договор дека до крајот на 2020 година, можеби и порано ќе биде исплатени“, вели Шишкарев.