Немил настан се случил вчера на улицата Архиепископ Михаил во Велес, околу 11 часот кога било оставено без надзор, куче – домашен миленинк, а тоа каснало шестгодишно девојче. Случајот во полиција го пријавил нејзиниот татко.

На 29.10.2020 гoд. околу 11.00 часот во Полициската станица Велес Г.С.(41) од Велес пријавил дека на ул.„Архиепископ Михаил“, куче – домашен миленик, оставено без надзор, ја каснало неговата шестгодишна ќерка. – информира Верољуб Додевски, порптпарол на СВР Велес.