Ибрахим Мемедов има 30 години, исчезнат е повеќе од 3 дена. Неговото исчезнување уште од 9. мај е пријавено во СВР Велес.

На 09.05.2020 во 13,00 часот во СВР Велес, М.М.(57) од Велес пријавила дека на 08.05.2020 околу 11,30 часот од домот на ул.„А.Палашев“ во Велес се оддалечил нејзиниот син И.М.(30) кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Неговиот братучед на својот фејсбук профил го објави неговото исчезнување на 9. мај, а од тогаш сеуште нема никаква трага за Ибрахим.

Фамилијата на Мемедов бара помош. Ве молиме доколку некаде го забележите да се обратите кај надлежните органи.

Ibrahim memedov 30 god..isceznat e poveke od 24h…prijaveno e vo mvr Veles…ve molime dokolku nekade go zabelezite vednas da se obratite kaj nadlezni organi…vi blagodarime…

Gepostet von Asan Sabrina Karimanov am Samstag, 9. Mai 2020