45 пакети со прехрамбени производи донираше семејството Етоски чии што членови во моментов живеат и работат во Швајцарија. На тој начин сакаат да помогнат на семејства кои се во социјален ризик поради пандемијата со Корона Вирусот. Пакетите ги подготвија вработените во Жито маркети.

Од донираните пакети, волонтерите на Општинската организација на Црвен крст од Велес во текот на денешниот ден поделија 30. По 15 во Чашка и 15 во Мелница. Останатите 15 ќе се поделат за социјално загрозени семејства во Велес.

Од почетокот на кризата ова е втора хуманитарна акција во кој се вклучува ова семејство.

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА 45 СЕМЕЈСТВА45 пакети со прехрамбени производи донираше семејството Етоски чии што членови во…

Gepostet von Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Велес am Dienstag, 28. April 2020