Во неделата во семејна куќа во велешко село се случил напад врз велешанец од страна на неговиот брат.

На физичката пресметка била повикана и велешката полиција. Во нивниот извештај стои, на 11.10.2020 околу 10.30 часот во СВР Велес, 35-годишен маж пријавил дека во дворот од семејната куќа во велешко село бил физички нападнат од неговиот брат Н.Ј.(45).

Од СВР Велес соопштуваат дека следи целосно документирање на случајот и ќе биде поднесена соодветна пријава.