На денешната прес конференција на градоначалникот Аце Коцевски на виделина испаднаа недоразбирањата и несогласувањата на релација градоначалник- претседател на Совет.

Тема на ваквите јавни препукувања беа мерните станици за загадување, кои требало да бидат поставени пред поголемите фабрики во градот и докажување во јавноста кој е поголем еколог и грижлив функционер за животната средина.

Подолг период во велешката јавност се зборуваше за недоразбирањата помеѓу градоначалникот, Аце Коцевски и претседателот на Совет на општина Велес, Ненад Коциќ. Денес ова беше и јавно потврдено.

Дали ваквите недоразбирање за на директна штета на граѓаните. Проектите и проблемите со кои се соочуваат граѓаните, се ставаат во втор план, пред меѓусебните препукувања во локалната власт?

Како што денес изјави Коцевски, тој се воздржал од поголеми коментари во јавноста, бидејќи сето тоа што излегло во медиумите на оваа тема било направено од претседателот на совет и кандидат за пратеник од СДСМ, Ненад Коциќ. Коцевски внимателно одбирајќи зборови на денешната прес конференција ја објасни целата ситуација околу начинот за поставување на мерните станици, а воедно и побара извинување од страна на медиумите кои ги објавиле тие вести без да биде побарана изјава и од другата страна, односно од него.

-Првата шпекулација е дека Уставниот суд донел ваква или таква одлука. Мојот одговор е селеден: Кога градоначалник на било која општина нема да потпише некоја одлука, односно решение и нема да го објави заклучокот за објавување во Службен весник, советот има право одново истата точка да ја стави на дневен ред. Кога Советот по втор пат ќе ја потврди таа точка, градоначалникот е должен да го стави во сила актот со негово објавување во службен гласник, но согласно одредбите законот за локална самоуправа, кој е системски и се носи со 2/3 множинство во Собранието, е должен актот да го обжали пред Уставен суд. Е сега, има правна празнина во Уставот на државата и во законот за локална самоуправа, иако законот императивно им наложува на градоначалниците да ги обжалат актите на Уставен суд, Уставниот суд по правило се прогласува за ненадлежен, затоа што Уставниот суд одлучува за акти кои имаат општо значење, а не за поединечни акти. Во случајот уште не знаеме кој е ставот на Уставен суд, истакна Коцевски.

Тој додаде дека информација која е објавена е парцијална затоа што се симната од веб страната на Уставен суд дека е ставена на дневен ред на одлучување на Уставен суд. Коцевски истакна дека актот од Уставен суд сеуште не е доставен и не се знае што пишува во тој акт.

-Околу суштинската рамка. Прво сите фирми во Велес кои подложат на Б интегрирана дозвола, водат комплексна постапка и прават елаборати, пред градоначалникот да им издаде Б интегрирана дозвола по сила на закон. Во таа дозвола е наведено која фирма што треба да прави за заштита на животната средина. Дали треба да вградува мерни инструменти или не треба, објасни Коцевски

Проблем кој што се јавува дали Градоначалникот и општината смеат, можат и дали е етички да им создава обврски, ако тоа не е регулирано како задолжителна обврска според законите, а во случајов тоа не е задолжителна обврски и општината нема право да ги тера и да им нареди на фирмите тоа го прават, дециден е Коцевски.

Коцевски уредно се обратил до министерството за животна средина и просторно планирање. Од таму добил толкување, дека не е добро општините да набавуваат мерни станици од Али експерс кои не се сертифицирани и може да даваат погрешни податоци и да ги вознемируваат граѓаните.

Коцевски истакна дека тој е поборник за животна средина и тоа се докажало во минато, а сега некој го правел дека е против животната средина. Тој додаде дека ваквите обвинувања се несериозни и неумесни, некој да го прогласува јавно дека ги поддржува загадувачите.

Градоначалникот експлицитно одговори дека зад ваквите обвинувања стои претседателот на советот на општина Велес, Ненад Коциќ.

Коцевски побара јавно извинување, и додаде дека Коциќ треба да се засрами за ваквите постапки.

На својот фејсбук профил се огласи и претседателот на Совет Ненад Коциќ.

Тој напиша: Дезинформација е дека Јас или било кој од Советот СПОМНАЛ за Али- експрес мерни станици во Велес… #СТОП за загадувачите.

Дезинформација е дека ЈАС или било кој од Советот СПОМНАЛ за Али-експрес мерни станици во Велес…#СТОП за загадувачите

Gepostet von Nenad Kocic am Donnerstag, 11. Juni 2020

 

Видеото од обвинувањата на градоначалникот можете да ги видите на овој линк

Во прилог и целата прес конференција на градоначалникот Аце Коцевски

[🔴 Во живо] Прес конференција на Градоначалникот Аце Коцевски- 11.06.2020

[🔴 Во живо] Прес конференција на Градоначалникот Аце Коцевски- 11.06.2020

Gepostet von Општина Велес am Donnerstag, 11. Juni 2020