Поради значителна оштетеност на фонтаната во Младинскиот парк, а во соработка со Општина Велес, деновиве во тек е изведба на градежни работи за санација на фонтаната, односно обнова на подот, ѕидовите на фонтаната, системот за филтрација на вода и браварски работ, велат од ЈКП Дервен.

Со ова ќе се обновела фонтаната и ќе се подобрела нејзината функционалност. Работните активности се очекува да траат 2-3 седмици.