Младо момче на возраст од 21 година ноќеска бил истепан од три лица и тоа на главната улица во Велес. За жал физичките напади во Велес се се почеста појава.

На 03.10. околу 00,20 часот во СВР Велес, Т.И.(21) од Велес  пријавил дека на ул. “Благој Ѓорев“ во Велес бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – известија од Министерството за внатрешни работи.