На иницијатива и организација на Игор Крајчев велешкиот и македонски поет и писател вчера вечер на Јутјуб во живо се одржа Вируелниот Светски поетски фестивал „UNITED WORLD OF POETRY“ ( Обединет свет на поезијата) на кој учество земаа 30 поети од 22 земји во светот:од Шпанија,САД, Канада, Бразил, Австралија, Швајцарија, Италија, Ерменија, Јапонија, Индија, Русија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од нашата земја поетите Игор Крајчев и Митко Гогов.

На фестивалот учествуваа светски познати поетски имиња меѓу кои и Хусто Хорхе Падрон кој беше добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Мајкл Ротенберг основачот на иницијативата 100 илјади поети за промена, познатата поетеса Мари КаШиваги од Јапонија, Сонет Мондал од Индија кој има свој фестивал на поезијата во Индија и многу други.

Сите учесници поети прво ја читаа својата поезија на својот мајчин јазик а потоа и на англиски или тие или во превод и интерпретација на преведувачот Сандра Крајчева. Игор ни појасни дека сакал на една место во овие тешки времиња да ги собере сите свои пријатели поети од цел свет со кои се среќавал на бројните поетски фестивали во земјава и во светот на кои учествувал.

– Целта на овој голем поетски настан кој синоќа во живо одеше на Јутјуб беше да покажеме дека во овие тешки времиња на светска пандемија на Ковид-19, кога сите сме затворени дома, поезијата може да живее и иако виртуелно сепак да не обедини, потенцира Крајчев.

Сега откако, заврши собирот и спласнаа емоциите, согледуваме колку голем настан се случи вчера во етерот… Ви…

Gepostet von Igor Krajchev am Sonntag, 26. April 2020

Извор :

opserver.mk