Втората шампионска титула за ракометниот тим на Вардар донесе огромна радост за навивачката армија на македонската спортска гордост, но еуфоријата по лошо ја памети еден од навивачите, кои неколку месеци подоцна доби покана за на суд поради веењето знаме со сонцето од Кутлеш, пишува sport1.mk.

Тој во среда треба да се појави пред судијата за прекршоци, а изминатиов период добива голема поддршка преку социјалните мрежи. Еден тие што застанаа позади навивачот е и сегашниот голман на Вардар, Борко Ристовски, кој упати порака дека тој ќе ја плати казната која ќе ја добие навачот од судот за прекршоци.

Барајќи мир на душата, знам да викам грлато Македонија пред собрание!!! На Ѓурѓовден сум на суд за носење знаме…

Gepostet von Zharko Chi Maslarkovski am Sonntag, 3. Mai 2020