Вечерва, точно во 20 часот и 41 минута 39 сателити ќе поминат над нашето небо, објави Град Скопје на официјалниот профил на Фејсбук.

Станува збор за телекомуникациски сателити Старлинк коишто одат по небото како воз, еден позади друг.

Останете дома и набљудувајте ја оваа ретка глетка од вашите прозорци и балкони.