Рекорден број на казнети велешани за непочитување за уредбата за носење на маски, односно за носење на лична заштита. Имено, во изминатото деноноќие се казнети дури 82 жители на Велес.

Во период 01./02.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за
носење на лична заштита казнети сe 108 лица, и тоа, 82 во Велес, 17 во Кавадарци и
девет во Неготино, – соопштуваат од СВР Велес.