Државната изборна комисија денеска одржа јавна седница на која ги објави конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.

Во досегашното постоење на Македонското собрание, никогаш до сега не биле избрани толкав број на пратеници кои потекнуваат од Велес.

Според последните резултати од Државната изборна комисија, 6 идни пратеници се со потекло од Велес.

Од коалицијата „Обнова на Македонија“ во новиот состав треба да се најдат, Игор Јанушев, Игор Здравковски, Љупчо Пренџов и Љупчо Димовски.

Од коалицијата „Можеме“ во новиот состав е само Ненад Коциќ, а додека во парламентот треба да се најде и претседателот на партијата која првпат освојува пратенички места Димитар Апасиев.