Во текот на изминатото деноноќие, 07/08.05.2020 година, на ниво
на Секторот за внатрешни работи Велес се регистрирани шест лица кои не ја
почитувале забраната за движење за време на полицискиот час, и тоа, две во
Кавадарци и четири во Неготино.

Во овој период има нема нови регистрирани лица со Решенија за
изолација и со Изјава за самоизолација. Вкупно со Решение во изолација има 116
лице, од кои 110 во Велес, шест во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно
57 лица, од кои 40 во Велес, 10 во Кавадарци и седум во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај
лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.