Вечерва Реал Мадрид успеа со 2-1 да ја совладата екипата на Реал Сосиедад, со што успеа да го превземе водството од Барселона на табелата во шпанската Ла Лига, откако Барселона изигра 0-0 на гостувањето во Севиља. И Реал Мадрид и Барселона имаат исти број на бодови, но благодарение на подобриот меѓусебен резултат Реал Мадрид е прв на табелата.

Стрелци на головите беа Серхио Рамос пенал во 50 минута, на 0-2 зголеми Бензема во 70 минута, а за да домаќините стрелаше Мерино во 83 минута.

Следниот натпревар Реал Мадрид го игра на домашен терен во среда против Мајорка, додека Барселона во вторник ќе биде домаќин на Атлетик Билбао.