18 C
Veles
петок, 18 септември, 2020 | 09:11

Расте бројот на заболени деца од коронавирус во Македонија

409

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека е зголемен бројот на деца во Македонија кои се заболени од коронавирус.

Согласно информациите вкупниот број на заболени деца од 0 до 19 години, заклучно со податоците објавени вчера, а кои се однесуваат на 10 мај, е 134 случаи.

Од Институтот, за 9 мај информираат дека кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 55 и 68 случаи или вкупно 123 случаи.

графикон за 9.5.2020 (ИЈЗ)

Статистиката за 10 мај, податоци кои се објавени вчера, вели дека регистрирани се вкупно 134 случаи на коронавирус кај деца од 0-19 години или поединечно 62 случаи (0-9 годишна возраст) и 72 случаи (10-19 години), односно 11 случаи повеќе во споредба со претходниот ден.

графикон за 10.5.2020 (ИЈЗ)

Министерството за здравство вчера информираше дека се регистрирани вкупно 22 случаи на новозаболени од коронавирус во Македонија, па согласно горенаведеното половина од овие случаи се деца кои се заразени со Ковид-19.

На 10-ти мај биле извршени само 145 тестирања на коронавирус.

Според податоците кои се однесуваат за 8 мај во земјава имало 120 заболени деца од коронавирус на возраст од 0 до 19 години.