Нермин Бишевац, од саботата, кога се вратил од Германија, е сместен во државен карантин во хотелот „Молика“ – Битола. Храната на хотелот, според него, не може да се јаде, а се случило да добијат и мувлосана храна.

Во врска со ова се жалел и кај персоналот на хотелот, но не верува дека нешто ќе се подобри.

ТВ21 побарала став од Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Кратко ни рече дека Владата е надлежна за одредувањето на државните карантини, но нема никаква одговорност за храната.