Клубовите се сложни за продолжување на сезоната од 8 јуни, што би значело дека шампионатот ќе трае до крајот на јули. Поради тоа, неколку екипи како Арсенал, Евертон, Вест хем веќе почнаа да тренираат со одредени мерки, а набрзо би требало да се приклучат и останатите членови од англиската елита.

Раководството на Премиер лигата во петок ќе се состане со 20-те преставници на премиерлигашите и главна тема ќе биде продолжување на актуелната сезона. Датумот за рестарт на сезоната треба да биде 8 јуни.

За продолжувањето на сезоната најрадосни се во таборот на Ливерпул, на тимот му се потребни уште две победи за и официјално да ја обезбедат титулата по 30 години чекање. До финишот на сезоната 2019/20 останаа уште девет кола.