Полицијата во моментов интервенира на територијата на општина Чаир откако по жестока расправија и физичка пресметка било посегнато и по огнено оружје. Во моментов немаме информации која е причната за немилиот настан дознава Инфомакс.мк

Според информациите со кои што располага порталот случувањата се одвивале во близина на штаб на политичката партија ДУИ, па се поставува прашањето дали се работи за внатрепартиска пресметка. Со оглед на историјата ваквите пресметки во ДУИ во кои било употребено и огнено оружје не се реткост, додаваат од порталот.