Општина Велес ја известува јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши во недела, 7 јуни 2020 година, во периодот од 05:00 до 06:30 часот. Доколку временските услови не се погодни, истото ќе се изврши наредниот ден, во понеделник, 8 јуни 2020 година.

Границите на површините кои ќе бидат опфатени се следните: езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на реката Вардар, од север од с. Башино село низ Велес, сè до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук” и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина. Вкупно ќе биде опфатена површина од 2.000 хектари.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и три до четири часови потоа, да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Третирањето ќе се врши со средството „Цицерон 20” кое се произведува во Србија, а ќе го врши фирмата за авио услуги „Бониер” од Куманово, додека пак надзорот на активностите ќе го спроведе ЈЗУ Центар за јавно здравје, Велес.

Во месец март оваа година, Општина Велес изврши теренско ларвицидно третирање, а до крајот на 2020 година ќе бидат извршени уште две авионси третирања против комарци.