Условна казна од една година затвор доби претседателката на управниот одбор на Фондот за здравство, на која и се судеше ов одвоена постапка за случајот за смртта на малата Тамара Димовска од Велес, пренесува Телма.

Судијата Марин Станевски ја донел ваквата пресуда, со која се условува поранешната претседателка дека ќе оди во затвор од три години ако направи ново кривично дело.

Поради здравствени проблеми судењето за нејзе беше одвоено од судењето на останатите 11 обвинети за овој случај. Меѓу нив се и доктори од двете комисии. Сите обвинети за несовесно работење во службата.

Тамара почина во февруари 2015 година, чекајќи ја државата да и овозможи операција во странство.

Следното рочиште е на 12-ти јуни.